ВКУПЕН ЈАВЕН ДОЛГ

59,5%

од БДП

6.527,0

милиони евра

Податоци заклучно со 31.03.2020

Државен долг

50,7%

од БДП

5.561,0

милиони евра

Долг на јавни претпријатија и трговски друштва во доминантна сопствност на државата или општините

8,8%

од БДП

965,7

милиони евра

Долг на централна влада

50,6%

од БДП

5.551,5

милиони евра

Долг на општини

0,1%

од БДП

9,9

милиони евра

Надворешен долг на централна влада
2.606,0
Заеми
977,6
Еврообврзници
1.628,3
Внатрешен долг на централна влада
1.962,6
Државни хартии од вредност
1.775,7
Структурни обврзници
54,4
Домашни заеми на централна влада
132,5
во милиони евра
Надворешен долг на општини
2,2
Внатрешен долг на општини
9,3
во милиони евра
Гарантиран долг на јавни претпријатија

8,3%

од БДП

942,2

милиони евра

Негарантиран долг на јавни претпријатија

0,4%

од БДП

41,5

милиони евра

Електрани на Северна Македонија
79.1
МЕПСО
20,1
Развојна банка на Северна Македонија
120,4
Железници на РСМ Транспорт
34,8
ЈП за железничка инфраструктура
1,5
Јавно претпријатије за државни патишта
681,1
ЈСП
2,0
во милиони евра

Движење на долгот низ годините

Јавен долг
во процент од БДП

48,9%

Јавен долг
во милиони евра

5.540,9

Долг на централна
влада во милиони евра

4.545,4

Планирано задолжување за 2020

Централна влада
Општини
Долг на јавни претпријатија и трговски друштва во доминантна сопствност на државата или општините
ЗАДОЛЖУВАЊЕ
Задолжување од странски извори
592
Еврообврзница
500
Кредити од странски финансиски институции наменети за финансирање на одделни проекти
57
On-lending кредити
35
ОТПЛАТИ
Отплати на странско задолжување
439
НЕТО
153
Задолжување од домашни извори
447
Краткорочен заем од комерцијални банки
133
Издавање на структурни обврзници
7
Издавање на државни хартии од вредност*
307
Отплати на домашно задолжување
265
Краткорочен заем од комерцијални банки
133
Отплата на структурни обврзници
25
Отплата на државни хартии од вредност*
107
182
0
-18
200
*се однесува на државни обврзници во милиони евра
Проектиран долг на централна влада на крај на 2019 согласно со ревидирана ФС2020-2022
Нето промена (задолжување - отплата)
Проектиран долг на централна влада на крај на 2020 согласно со ревидирана ФС2020-2022
во мил.евра
% од БДП
4.571
335
4.906
40,8%
ЗАДОЛЖУВАЊЕ
Задолжување
1
ОТПЛАТИ
Отплати
1
НЕТО
0
Проектиран долг на општини на крај на 2019 согласно со ревидирана ФС2020-2022
Нето промена (задолжување - отплата)
Проектиран долг на општини на крај на 2020 согласно со ревидирана ФС2020-2022
во мил.евра
% од БДП
12
0
12
0,1%
ЗАДОЛЖУВАЊЕ
Задолжување
264
ЈПДП
173
ЕСМ
14
МЕПСО
15
Железници на РСМ Транспорт
7
РБСМ
35
ЈСП
5
НЕР
10
MHAB
5
ОТПЛАТИ
Отплати
126
ЈПДП
56
ЕСМ
22
МЕПСО
6
Железници на РСМ Транспорт
6
РБСМ
35
ЈСП
0
НЕР
0
МНАВ
1
НЕТО
137
Проектиран долг на ЈП и ТД во доминантна сопственост на државата или општината на крај на 2019 согласно со ревидирана ФС2020-2022
Нето промена (задолжување - отплата)
Проектиран долг на ЈП и ТД во доминантна сопственост на државата или општината на крај на 2019 согласно со ревидирана ФС2020-2022
во мил.евра
% од БДП
1.011
137
1.148
9,5%
ЛИСТА НА КРАТЕНКИ

ДХВ – Државни хартии од вредност

БДП – Бруто-домашен производ

ЦВ – Централна влада

ФС – Фискална стратегија

РСМ – Република Северна Македонија

ЈП – Јавно претпријатие

ТД – Трговско друштво

ЈПДП – Јавно претпријатие за државни патишта

ЕСМ – Електрани на Северна Македонија

МЕПСО - Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија

РБСМ - Развојна банка на Северна Македонија

ЈСП – Јавно сообраќајно претпријатие - Скопје

НЕР – А.Д. за вршење енергетски дејности – Национални енергетски ресурси Скопје

МНАВ -  Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација

Хартии од вредност

Движење на задолжувањето со хартии од вредност на домашен пазар
Државни хартии од вредност на домашен пазар во 2020

Планиран лимит за нето задолжување на домашен пазар со државни хартии од вредност во 2020 г.

200.000.000 €

Реализција на нето задолжување на домашен пазар со државни хартии од вредност во 2020 г.

% од планираниот лимит

Податоци заклучно со 03.07.2020

Задолжување и раздолжување по основ на државни хартии од вредност во 2020 г.
Повеќе информации за следните аукции ќе ги најдете на следниот линк
Движење на каматни стапки на државни хартии од вредност по рочност
1

месечни

3

месечни

6

месечни

12

месечни

2

годишни

3

годишни

5

годишни

10

годишни

15

годишни

30

годишни

Структурните обврзници не се класично  пазарно  издадени обврзници за прибирање средства од страна на државата, туку се издадени за надоместување на определени физички и правни лица по различни основи. Во моментов, во состојбата на јавниот долг на РСМ како структурни обврзници се јавуваат обврзниците за денационализација и обврзниците за селективни кредити.

Повеќе информации за издавањето на структурните обврзници можете да добиете тука.
Што е државен долг?

Државен долг е збир на финансиски обврски создадени со задолжување на централната влада и општините во форма на заеми и хартии од вредност.

Што е јавен долг?

Јавниот долг е најголемото должничко портфолио во државата и претставува збир на финансиски обврски создадени со задолжување на централната влада, општините и долгот на јавните претпријатија и трговските друштва во доминантна сопственост на државата или општините.

Што опфаќа долгот на општините прикажан на оваа веб-страница?

Долгот на општините прикажан на оваа веб-страница ги содржи финансиските обврски што произлегуваат од директното задолжување на општините во форма на заеми и/или хартии од вредност.

Што е разликата помеѓу јавниот и државниот долг?

Разликата помеѓу јавниот и државниот долг претставува долгот на јавните претпријатија и трговски друштва основани во доминантна сопственост на државата или општините.

Што опфаќа долгот на јавните претпријатија прикажани на оваа веб-страница?

Долгот на јавните претпријатија и трговските друштва во доминантна сопственост на државата или општините прикажан на оваа веб-страница ги опфаќа јавните претпријатија и трговските друштва основани од државата или општините кои се во целосна или во доминантна сопственост на државата или општините.

Што е нето-задолжување?

Нето-задолжување е разлика меѓу задолжувањето и отплатите во одреден период. Нето-задолжувањето ја покажува промената (зголемување или намалување) на долгот на државата во одреден период. На пример, доколку во јануари 2020 година државата се задолжи за 20.000.000 денари, а во исто време отплати долг во износ од 15.000.000 денари, нето-задолжувањето направено во јануари 2020 година, изнесува 5.000.000 денари. Тоа значи дека за износ од 5.000.000 денари се зголемил долгот на државата во јануари 2020 година.

Што се државни хартии од вредност?

Државни хартии од вредност (ДХВ) се хартии од вредност кои во име на Владата на Република Северна Македонија ги издава Министерството за финансии. Државните хартии од вредност се продаваат преку аукции. На аукциите директно можат да учествуваат само овластените директни учесници (сите банки во Република Северна Македонија), а останатите заинтересирани резиденти и нерезиденти (физички или правни лица) можат да учествуваат индиректно, односно преку банките.

Што е еврообврзница?

Еврообврзница е хартија од вредност издадена од Република Северна Македонија на меѓународен пазар на капитал.

Што претставува on-lending или репозајмување?

Репозајмување (on-lending) е постапка кога Владата на Република Северна Македонија се задолжува кај домашен или странски заемодавател потоа тие средства ги позајмува на општините, јавните претпријатија или трговските друштва во доминантна сопственост на државата или општините. Овој долг се евидентира во долгот на централната влада.

Што е државна гаранција?

Државна гаранција е потенцијална обврска за плаќање преземена од Република Северна Македонија во име на носителот на јавен долг за чија сметка е издадена гаранција. Носител на јавен долг во овој случај може да бидат општините, јавните претпријатија и трговските друштва во доминантна сопственост на државата или општините.

Кој сé може да го создаде јавниот долг?

Јавниот долг го создаваат носители на јавниот долг, а тоа се: Владата на Република Северна Македонија, јавните установи основани од државата, општините, јавните претпријатија и трговските друштва во доминантна сопственост на државата и на општините.

Што претставува отплата на долг?

Отплата на долг се сите плаќања по основа на пристигната камата и главнина кои произлегуваат од претходно создаден долг. Главнината претставува дел од основен долг којшто се плаќа во одреден период. Каматата претставува трошок што се плаќа за долгот.

Што претставува рефинансирање?

Рефинансирање е задолжување со цел да се обезбедат средства за отплата на постојниот долг.

Што претставува репрограмирање?

Репрограмирање е менување на условите и/или структурата на постоен долг, без создавање на ново задолжување.

Дали секогаш со задолжувањето се зголемува состојбата на долгот?

Одговор: Зголемувањето или намалувањето на состојбата на долгот зависи од новите задолжувања во одреден период, но исто така, и од сите реализирани отплати на стари долгови во тој период. Многу често во јавноста постои нецелосна интерпретација за задолжувањето со државни хартии од вредност. Имено, при секоја нова аукција на државни хартии од вредност јавноста треба да има предвид колкав е износот на ново издадени хартии од вредност (задолжување), но, исто така, треба да знае колкав е износот на хартии од вредност што треба да се отплатат во тој период (раздолжување). Притоа, разликата од новото задолжување и реализираните отплати во еден конкретен период, ја покажува нето-промената на состојбата на долгот.

Пример: Доколку на една аукција државата се задолжи за 10.000.000 денари, а истовремено треба да отплати хартии од вредност издадени во претходниот период во износ од 10.000.000 денари, нема промена во состојбата на долгот.

Дали при склучување на договор за заем веднаш се евидентира вкупниот износ на заемот во состојбата на долгот?

Одговор: Не. Секое задолжување се евидентира во состојбата на долгот во моментот на повлекување на средствата од заемот. Притоа, доколку одредени заеми се повлекуваат (имплементираат) во транши, па во состојбата на долгот ќе се евидентираат само повлечените транши.

Пример: Доколку во 2020 година се потпише заем од 10.000.000 евра, којшто треба да се повлече во две годишни транши (по 5.000.000 евра во 2020 и 2021 година), состојбата на долгот на овој заем во 2020 година ќе изнесува 5.000.000 евра.

ДХВ – Државни хартии од вредност

БДП – Бруто-домашен производ

ЦВ – Централна влада

ФС – Фискална стратегија

РСМ – Република Северна Македонија

ЈП – Јавно претпријатие

ТД – Трговско друштво

ЈПДП – Јавно претпријатие за државни патишта

ЕСМ – Електрани на Северна Македонија

МЕПСО - Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија

РБСМ - Развојна банка на Северна Македонија

ЈСП – Јавно сообраќајно претпријатие - Скопје

НЕР – А.Д. за вршење енергетски дејности – Национални енергетски ресурси Скопје

МНАВ -  Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација

Прашања и пораки поврзани со јавниот долг може да испратите на мејл javendolg@finance.gov.mk